📸 СИНХРОНИЗИРАНА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО: Полицијата влезе во Поштенската штедилница во сите четири српски општини

од Илинка Илиоска
425 прегледи

Косовската полиција поладнево, синхронизирано влезе во најмалку четири филијали на Поштенската штедилница во сите четири општини на северот на Косово, како и во служба на Трезорската управа. На терен се и припадници на ЕУЛЕКС и КФОР. Од косовската полиција велат дека заедно со даночната служба, а со дозвола на Обвинителството контролираат „незаконски бизнис“, пренесе Коссев.

Како што за Локално.мк пренесоа колеги од Косовска Митровица, полицијата влегла во експозитурата на банката Поштанска штидиница во зградите Бериљска во северниот дел на Митровица, потоа во главната експозитура на оваа банка (Ул. Владе Ќетковиќ), но и пред експозитурата во Звечан.

Жолта лента е поставена пред зградата во која се наоѓа главната филијала на Поштенска штедилница во Митровица, а има и полициско возило пред влезот на оваа банка.

Фото: Ана Чуп Марковиќ

Уште два полициски автомобили се паркирани на само неколку метри од главната пошта. Повремено во непосредна близина на зградата патролираат и други возила на КП. Пред зградата во овој момент има само тројца полицајци.

Во Звечан е видливо и едно грчко возило на КФОР, кое служи за набљудување на ситуацијата на терен.

Во близина на Поштата во Звечан има и полициски службеници на ЕУЛЕКС. Тие носат панцири, на кои јасно е истакнат знакот „EULEX-NADGLEDAČ“.

Со нив се и неколку лица во цивилна облека, како што се претпоставува – од Даночната управа. Најмалку еден од нив носи и панцир. Некои полицајци носат специјална опрема.

Косовската полиција влезе и во Министерството за финансии (СДК) во Косовска Митровица. А има повеќе нивни патроли, кои вклучуваат возило на редовните единици на КП како и полицајци во специјална опрема. Пред зградата на Управата за финансии стојат и полициски службеници.

Без прогрес во Брисел: Петковиќ и Бислими не се договорија за еврото како единствена валута за готовински плаќања во Косово

И.И.

 

Слични содржини