📸 „Сиромашен“ НБА играч ја заведе Ким Кардашијан

од Stefanija Kuzmanovska

Најпознатата старлета во светот, Ким Кардашијан (43) често ја поврзуваат со познати спортисти, што не е изненадување бидејќи во минатото беше со неколку американски фудбалери и НБА ѕвезди. Сега таа си најде ново момче, а тоа е играчот на Чикаго Булс, Тори Крег.

Откако се разведе со Канје Вест, Ким Кардашијан често ја поврзуваат со познати спортисти. Се споменуваа Том Брејди, Одел Бекам Јуниор, па дури и Френсис Нгану.

Сепак, ниту еден од овие навистина богати луѓе не биле романтично поврзани со Ким, туку во тоа успеал човек за кој никој никогаш не би се претпоставило. Станува збор за играчот на Чикаго Булс, Тори Крег.

Овој 33-годишен играч важи за еден од „посиромашните“ НБА играчи. Никогаш немал огромен договор, но важи за милионер од пониска класа.

Изборот на Ким Кардашијан за Крег изненади многумина. Не е човек за кој често се зборува, ниту пак голема ѕвезда, но очигледно има други квалитети.

Се уште нема доволно информации што се случува меѓу него и Ким. Засега се е непотврдено, но странските медиуми во голема мера известуваат дека меѓу нив постои поврзаност.

Слични содржини