Главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ, нареди итно идентификување и кривично гонење на креаторите на смртните закани упатени до претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Х, соопштено е денеска.
Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство во Белград, по наредба на Стефановиќ, испратило барање до полицијата да ги собере потребните информации во врска со објавувањето на фотографијата на Вучиќ на бесилка со порака дека „ само непосредниот народен суд ќе ја спаси Србија“.
„Секое однесување кое повикува на линч на претставници на највисоките државни органи е недозволиво“, рече Стефановиќ.
Според него, на социјалните мрежи со месеци се води кампања против претседателот со сериозни смртни закани. Затоа Стефановиќ очекува сите државни органи да покажат максимална сериозност и ефикасност во гонењето на сторителите на вакви и слични закани испратени до претставници на државните органи.