Странските медиуми неодамна ја пренесоа веста за наводната врска меѓу актерот Том Круз и триесет и шестгодишната Елсина Каирова, членка на високото руско општество.
Како што сега пишува The Sun, Круз е толку вљубен во 25 години помлада Русинка што одлучил да изнајми цел кат од ресторан во Лондон.
Тој, како што е наведено, сакал приватност и да вечера без љубопитни погледи, а на менито имало јастог и суши. По романтичната вечера, тие излегле на задната врата од ресторанот за никој да не ги види.
За потсетување, Елсина е ќерка на познатиот руски адвокат Ринат Каиров и поранешна сопруга на олигархот Дмитриј Цетков, кој се занимава со трговија со дијаманти. Цетков подоцна се огласи и кажа што мисли за новата љубов на поранешната сопруга.
„Без разлика со кого е, Том Круз или кој било друг, тие луѓе треба да бидат свесни дека таа сака пофини работи и има скап и луксузен вкус. Том треба да ги држи очите, а богами и паричникот широко отворени“, рекол Дмитриј, пренесува Daily Mail.
Тој исто така навел дека за време на 11-годишниот брак со Елсина, потрошил 10 милиони фунти на нејзината гардероба и уште 2 милиони фунти на чанти.