📸 Том Круз вљубен во ќерката на руски олигарх: „Тие се неразделни“

од Stefanija Kuzmanovska
534 прегледи

Актерот Том Круз во последно време ниже успеси, а се чини дека конечно му тргна и на љубовен план! Иако не сака да споделува информации за приватниот живот, „Дејли Мејл“ открива дека популарниот актер е вљубен во 25 години помладата Елисина Кајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти.

Круз и 36-годишната Русинка биле видени на забава во Лондон, а цело време биле заедно откривајќи ја својата блискост.

„Тие беа неразделни и очигледно е дека се пар. Изгледаше дека е целосно вљубен во неа“, коментира еден од гостите на истата забава во лондонски Мејфер.

Во текот на вечерта, многумина му пријдоа на Круз за да се запознаат и да побараат заедничка фотографија, но Круз учтиво одбивал се додека диџејот не објавил на руски дека актерот не сака да се фотографира. Парот ја помина вечерта расположено и ги покажа своите танцувачки способности, забавувајќи се на подиумот и заедно го напуштија настанот во раните утрински часови.

„Поголемиот дел од ноќта ја помина танцувајќи со госпоѓицата Кајрова, но во еден момент само се фрлаше среде група жени“, рекол изворот.

Елисина Хајрова веќе беше во брак со рускиот тајкун Дмитриј Цетков, со кого живееше многу луксузен живот. Двојката живееше во скапоцена вила од 22 милиони фунти на имотот Вентворт во Сари, а исто така поседуваше уште еден дом во Лондон и имот во Дубаи и Кипар. Нивната разделба беше обележана со обвинувања дека Русинката криела значителен дел од имотот, вклучително и колекција торби од милион фунти.

Слични содржини