📸 Во Мароко запленети 1,5 тон кокаин

од Stefanija Kuzmanovska
182 прегледи

Полицијата во Мароко заплени речиси 1,5 тони кокаин пронајден во кутии со банани во контејнер за транспорт. Дрогата била во брод кој патувал од Јужна Америка за Турција.

Запленувањето е извршено во пристаништето Тангер во северниот дел на Мароко.

Акцијата е спроведена во координација со шпанските безбедносни служби, соопшти мароканската полиција, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

Мароканските власти се сомневаат дека кокаинот бил шверцуван како дел од меѓународна операција за шверц на дрога.

Оваа заплена се случи само еден ден откако беа запленети речиси 363 килограми кокаин во камион кој се обидел да влезе во Мароко преку границата со Мавританија.

Оваа северноафриканска земја се наоѓа како клучна рута за шверц на дрога од Јужна Америка до Европа.

Слични содржини