📸 Вртоглава цифра: Колку чини костумот на рускиот претседател?

од Stefanija Kuzmanovska
354 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин за време на интервјуто со рускиот новинар Павел Зарубин го облече скапиот италијански костум „Бриони“, кој чини повеќе од 8.000 евра.

Цената на оделото ја откри „Дејли мејл“ откако Путин во еден момент ја крена десната рака и тогаш јасно се гледаше етикетата на овој луксузен бренд.

Како што е наведено, оделото чини 7.000 фунти (малку повеќе од 8.000 евра) и „без индивидуалното прилагодување“.

„Бриони“ е италијанска луксузна куќа за машка облека со седиште во Рим и е специјализирана за гардероба, чевли, очила, парфеми…

Компанијата е основана во Рим во 1945 година и е позната по организирањето на првата ревија на машка облека во модерната историја.

Слични содржини