Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на ТикТок се пофали со снешкото кој го направил во Давос, каде што моментално престојува на Светскиот економски форум.
Вучиќ истакна дека ова е најубавиот снешко во Швајцарија, а го посвети на синот Вукан, но и на српските спортисти на кои им посака многу медали на Олимпијадата.
„Ова ќе биде најубавиот снешко во Давос со шал и капа од Србија. Мислам дека ова е трет снешко во мојот живот што сум го направил заедно со некој или за Вукан. Ова е најубавиот и најдобриот снешко во Швајцарија и таман за нашите спортисти да освојат што повеќе медали на Олимпијадата и во фудбал на следното Европско првенство“, порача претседателот.
Да потсетиме, Вучиќ во Давос ќе остане до 19 јануари каде ќе присуствува на годишниот состанок на Светскиот економски форум.