Новата рекламна кампања на шпанскиот моден бренд „Зара“ предизвика лавина критики и негативни реакции веднаш штом беше објавена.
Под притисок на јавноста истата беше отстранета од социјалните мрежи, но гневот не исчезна.
„Дали е нормално да ја искористувате смртта на десет илјади луѓе за промотивни цели? Ги исмевате мртвите Палестинци во Газа. Ги искористувате за да продавате! Може да се засрамите. Сите треба да ве бојкотираат“, пишува во стотиците коментари на социјалните мрежи.
Zara has removed a wildly criticized ad from its website after a boycott by pro-Palestinian activists.
The ad depicted a model posing amid the rubble, as well as limbless statues and mannequins wrapped in white cloth, resembling the countless images coming out of Gaza. pic.twitter.com/6FQWxuXxmb
— In Context (@incontextmedia) December 12, 2023
Имено, кампањата за јакни од колекцијата „The Jacket“ многумина потсети на страшните слики кои изминативе два месеца пристигнуваат од Газа. На рекламните фотографии се гледа модел во облека на „Зара“, опкружен со статуи, завиткани во бела ткаенина и најлон.
„Вака мајките во Газа ги обвиткуваат своите мртви деца. Срамна кампања“, стои во коментарите.
„Жалиме за недоразбирањето, некои клиенти препознаа нешто на фотографиите што секако не беше нашата намера“, велат од „Зара“, додавајќи дека содржината на рекламата била снимена во септември, пред почетокот на самиот конфликт, пишува Би-Би-Си.
.@ZARA have just released their new sickening #Gaza_genocide collection. #BoycottZARA 🇮🇱 pic.twitter.com/H0g17z2FBu
— Majid Freeman (@Majstar7) December 9, 2023
Но, контроверзите не завршуваат тука. Некои забележаа облик на ѕидот кој ги потсети на картата на Палестина, превртена наопаку.
На социјалните мрежи може да се видат видеа од протести пред продавниците на овој моден бренд.
Tunisians sprayed Zara store in Tunis after their offensive advertising campaign supporting the Israeli genocide in Gaza, pic.twitter.com/ymKpxchSZo
— 𓂆 Meryem (@hgmeryem) December 11, 2023