Претседателот на Украина Володимир Зеленски синоќа пристигна во Тирана.
Зеленски во вторник на аеродромот беше пречекан од министерот за надворешни работи на Албанија, Игли Хасани.
„Голема чест е да се биде домаќин на претседателот Зеленски во Тирана. Ова е клучен момент за подобрување на билатералните врски и солидарноста со Украина во нејзината херојска борба против руската агресија“, напиша Хасани на платформата Х.
Great honor to welcome President @ZelenskyyUa to Tirana.
A pivotal moment for fostering bilateral ties, and standing in solidarity with Ukraine in its heroic fight against Russia’s aggression.
🇦🇱🤝🇺🇦#WeStandwithUkraine pic.twitter.com/ngGan0Mdev
— Igli Hasani (@IgliHasani) February 27, 2024
Зеленски денеска ќе учествува на Самитот за Украина и Југоисточна Европа, на кој ќе бидат присутни и лидерите на повеќе земји од Западен Балкан.
Неговата прва официјална средба ќе биде во кабинетот на премиерот на Албанија од 9:00 часот, додека во 11:00 часот ќе има прием со премиерот Еди Рама во Конгресната палата.