962
Актерката Анџелина Џоли со години ужива во својот статус на сингл, но изгледа дека е подготвена за ново поглавје и почеток на љубовна приказна. Имено, неодамна имаме прилика почесто да ја гледаме познатата убавица во друштво на раперот Акала.
Кингсли Џејмс Меклин Дејли изгледа ја освои Џоли која неодамна беше видена со него во Милано каде помина пријатна вечер во луксузен ресторан.
По завршувањето на оброкот, парот заедно се упати кон нивниот хотел, потврдувајќи ги романтичните гласини што започнаа во мај кога тие беа на романтично патување во Јамајка.
Акала е популарен британски пејач и добитник на престижните награди БАТА и МОБО, а имаше и кариера како писател.