📸Британска актерка екстремно ослабе и призна: Поминувам низ еден од најболните периоди во мојот живот

од Vladimir Zorba
36 прегледи

Британската актерка Кејт Бекинсејл ги загрижи обожавателите со својот екстремно слаб изглед, а за овој проблем се осврна и во коментарите на Инстаграм.

Таа сподели неколку фотографии во бикини, а многумина изјавија дека се загрижени за нејзиното здравје.

„Душо, имаш проблем. Те молам посети лекар“, „Не изгледаш добро. Искрено мислам дека ти треба помош“, беа некои од реакциите. Бекинсејл потоа напиша: „Да, минувам низ еден од најболните периоди во мојот живот. Тоа се рефлектира во моето тело“.

Порано оваа година, корисниците на социјалните мрежи ја прекорија актерката дека е премногу слаба, а таа возврати.

„Ова не е критика, но мислам дека си ослабела многу во последно време“, гласеше еден од коментарите. Бекинсејл одговори дека ова е пасивно-агресивно и дека не ѝ треба мислење од некој што не го познава.

„Следниот пат кога ќе сакате да коментирате за нечие тело, ви предлагам да го задржите тоа за себе“, додаде таа.

Таа беше хоспитализирана во март минатата година поради „мистериозна болест“ за која подоцна се покажа дека е езофагитис.