📸Џејмс Камерон откри што не чека во новото продолжение на Avatar

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Џејмс Камерон откри што не очекува во новото продолжение на научно-фантастичната серија „Avatar“, наречена „Avatar: Fire and Ash“, која во кината доаѓа на крајот на годината.

Откако првите два филма не запознаа со клановите Omatikaya и Metkayina од планетата Пандора, кои се експлоатирани од луѓето за нивните природни ресурси, новиот филм продолжува да ги истражува обичаите на вонземјанската раса Na’vi.

Приказната ќе ги одведе протагонистите Џејк Сали (Сем Вортингтон), Нејтири (Зои Салдана) и нивното семејство на непознати територии каде што ќе запознаат нов клан. Но, за разлика од добронамерниот клан Metkayina од претходниот филм, кланот Ash ќе биде непријателски настроен.

Камерон во интервју за Empire објасни дека повеќе не сака да ги прикажува луѓето како единствени негативци на Пандора, поради што семејството Сали за прв пат ќе дојде во конфликт со кланот Na’vi. Воинствениот Ash клан е предводен од началникот Варанг, кој го игра ѕвездата на „Game of Thrones“, Она Чаплин.

„Варанг води народ кој претрпе неверојатно страдање. Таа беше закоравена поради тоа. Ќе направи се за својот народ, дури и работи кои ги сметаме за зло”, откри режисерот.

„Таа е непријател и ривал, но изведбата на Чаплин ја прави да изгледа како вистинска личност“, додава Камерон.

Слични содржини