📸Џенифер Лопез на премиера на филм во фустан со мотив од пајакова мрежа

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Пејачката и актерка Џенифер Лопез се појави на филмскиот фестивал Санденс, каде воодушеви со својата облека.

Таа на црвениот тепих прошета во впечатлив фустан украсен со мотив од пајакова мрежа. Ја искомбинирала и со црна клач чанта и црни потпетици, а косата ја врзала во пунџа.

Таа го покажа својот аутфит и на Инстаграм, каде сподели неколку фотографии од фестивалот.

Дизајнот на фустанот не го избра случајно, бидејќи фестивалот беше домаќин на премиерата на филмот Kiss of the Spider Woman, во кој таа игра една од главните улоги.

Дејството на филмот се одвива за време на Валканата војна во аргентински затвор каде што се наоѓа геј фризерот, Луис Молина. За да си ја олесни казната, тој почнува да замислува филмови во кои глуми познатата актерка Ингрид Луна (Лопез), а една од улогите што ја замислува дека ја игра е онаа на жената-пајак, која го убива својот плен со бакнеж.

Слични содржини