📸Формула 1 го објави распоредот на трки за 2026 година, легендарна патека повеќе не е во календарот

од Vladimir Zorba
20 прегледи

ФИА го објави календарот на Формула 1 за сезоната 2026, која повторно ќе има 24 трки и ќе започне на 8 март во Австралија.

Единствената значајна промена е очекуваното елиминирање на легендарната патека Имола и додавање на нова улична патека во Мадрид, која ќе биде домаќин на Големата награда на Шпанија во септември.

Затоа, Шпанија ќе биде домаќин на две трки следната година, а Барселона исто така ќе го задржи своето место во календарот, иако под различно име.

„2026 година означува нова ера за Формула 1, со целосно нов сет правила за спортот, автомобилите и моторите кои ќе користат 100 проценти одржливо гориво. Многу сме возбудени што го гледаме Мадрид во календарот за прв пат и што ги гледаме големите автомобилски брендови како влегуваат во Формула 1“, рече извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали.

Европската сезона ќе започне дури во јуни со Големата награда на Монако, но нема да биде прекината од патувања на други континенти.
За да се намали товарот врз тимовите, во Формула 1 ги разредија трките и следната година ќе има само две серии од три последователни викенди.

Првата таква серија ќе вклучува трки во Остин, Мексико и Бразил, по што две недели подоцна ќе следат серија трки во Лас Вегас, Катар и Абу Даби, со што сезоната ќе заврши на 6 декември.