📸Кејт Мидлтон беспрекорно комбинираше тренди џемпер и хит чизми

од Vladimir Zorba
274 прегледи

Омилената принцеза од Велс ја потврди титулата како една од најдобро облечените дами на кралските дворови со лежерен изглед во кој ги посети „Dadvengers“, заедница за татковци и нивните деца во северен Лондон.

За дождлив есенски ден, Кејт Мидлтон смислила одличен лежерен изглед за кој заслужи само бројни пофалби.

Кога станува збор за дневните прилики, сопругата на принцот Вилијам најчесто избира парчиња во кои се чувствува добро, како фармерки, а овој пат се одлучи за впечатлив џемпер со црно-бел риги од „Ердем“, еден од нејзините омилени дизајнери. Станува збор за ефикасен џемпер од мек кашмир кој го носела во бројни претходни прилики.

Одличната комбинација ја заокружи со фармерки со тесен крој и тренди чизми до глужд од Chelsea со робустен дизајн на Blundstone, додека лежерниот стајлинг го заокружи со кул кафена јакна (Barbour).

Таа ја носеше пуштена коса и стилизирана во меки локни со препознатливи „завеса“ шишки, додека нејзината шминка беше многу природна.

Патем, оваа посета е прво појавување на Кејт во јавноста бидејќи таа и нејзиниот сопруг неодамна ги намалија своите кралски должности додека нивните деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, беа на училишни празници за да поминат што е можно повеќе време заедно. Неформалното дружење со децата и нивните татковци ја воодушеви принцезата, која постојано се смешка и радосно се фотографираше на крајот.

Слични содржини