📸Кина се потсмева со царините на Трамп: „МАГА капите се произведуваат и во Кина, сега се многу поскапи“

од Vladimir Zorba
49 прегледи

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, објави илустрација на социјалните мрежи во која се потсмева на ефектите од царините на Трамп врз американските потрошувачи.

На сликата е познатата црвена капа „Make America Great Again“, симбол на политичката кампања на Трамп, со натпис „Made in China“. Цената на капата беше симболично прецртана од 50 на 77 долари – алудирајќи на порастот на цените на увезената стока од Кина откако американскиот претседател воведе високи царини.

Најавата е јасна порака во трговската војна, со која Пекинг сака да нагласи дека најголемиот трошок за политиките на Трамп ќе го платат самите Американци, од сопствениот џеб.

Кинеските царини од 84 отсто за американските стоки стапија на сила вчера, а трговската војна меѓу двете велесили влегува во нова, неизвесна фаза.

Слични содржини