📸Кинезите не се откажуваат од Европа: Dongfeng го лансираше моделот Nammi Box по цена од 23.000 евра

од Vladimir Zorba
1,7K прегледи

Кинеската корпорација Dongfeng го лансира новиот бренд Nammi и нивниот прв електричен модел Box на европскиот пазар со цел да го предизвика Citroen e-C3 и другите евтини EV модели. Овој буџетски „електричар“ веќе е достапен во претпродажба на норвешкиот и швајцарскиот пазар по почетна цена од 23.000 евра.

Државната корпорација Dongfeng официјално е четврти по големина кинески производител на автомобили и очекувано има многу поголеми амбиции во Европа од сегашните „трошки“ со кои се обидуваат да и угодат на бараната клиентела.

Тоа подразбира постабилен бизнис на Стариот континент, а Кинезите веќе се во преговори со италијанските власти за изградба на фабрика. Во таа фабрика, Dongfeng може да произведува автомобили под новата марка Nammi, вклучувајќи го и електричниот модел Nammi Box. Замислен е како ривал на Citroen e-C3 и се очекува да има пристапна цена. Всушност, новиот Nammi Box е веќе достапен за преднарачка во Норвешка и Швајцарија со почетна цена од 23.000 евра.

Dongfeng Nammi Box е долга 4,02 метри и е опремена со еден електричен мотор кој развива 95 коњски сили. Батеријата е со капацитет од 42,3 kWh, а Кинезите пресметале дека ситната Nammi Box може да помине и до 310 километри со едно „полнење“. Колку за споредба, електричниот C3 нуди електромотор од 113 КС, батерија од 44 kW и автономија од 320 километри. Французинот во оваа конфигурација е поскап за околу 1.990 евра.

Внатрешноста е обложена со кожа со необични шевови во дијамантски дезен, а амбиентот е збогатен со централен дисплеј од 12 инчи и 5 инчен екран во форма на дигитална инструмент табла. Невообичаена карактеристика на внатрешноста е модуларноста на предните седишта, кои можат целосно да се постават рамно, за да можат да се користат како импровизирани кревети.

Слични содржини