📸Кортни и Тревис ги објавија првите фотографии од нивниот син Роки

од Vladimir Zorba

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (44) и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер (48) ги објавија првите фотографии од нивниот син Роки. Тие го добија своето прво заедничко дете пред речиси два месеци.

Во описот напишале само: „Роки“ со црно срце емотикон.

На една од фотографиите е прикажана Кортни со бебето, а на друга како Тревис го бакнува синот.

Кортни и Тревис го пречекаа својот син на 4 ноември. Тогаш извори за странските медиуми изјавија дека ријалити ѕвездата била пресреќна поради новото засилување.

– Среќна е што може да го прегрне синот – рекоа тогаш.

Кардашијан имаше некои компликации за време на бременоста. Како што тогаш напиша „Пејџ Сикс“, таа мораше да оди на итна операција во септември, а Тревис ги откажа сите концерти во тоа време за да биде со својата сопруга.

Слични содржини