📸Мбапе: Мојот сон се оствари

од Vladimir Zorba
2,3K прегледи

Ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе го изрази своето задоволство што се приклучи на Реал Мадрид. 25-годишниот напаѓач и светски шампион потпиша 5-годишен договор со шпанскиот гигант како слободен играч.

Зделката беше официјално објавена вечерва, а самиот Килијан Мбапе на „Х“ ја објави својата среќа и возбуденост.

„Мојот сон се оствари. Многу сум среќен и горд што се приклучувам на клубот од моите соништа. Никој не може да разбере колку сум возбуден во моментов. Едвај чекам да се сретнам со вас Мадридисти и да ви се заблагодарам за вашата неверојатна поддршка. Секоја чест за Реал Мадрид“, напиша Килијан Мбапе на социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер).

Слични содржини