Освојувачот на Оскар, Килијан Марфи беше фотографиран на снимањето на неговиот нов филм Steve, а многу фанови не успеаја да го препознаат.
Познатиот актер е снимен во валкана кошула и со качулка на главата, а поради занемарениот изглед и брадата што ја пуштил за филмот, тешко е да се препознае.
Ирскиот актер за прв пат беше фотографиран на снимањето на новиот филм, чиј датум на прикажување се уште не е познат, во кој тој глуми директор кој се бори да го зачува интегритетот на учениците од неговото училиште.
Да потсетиме, Марфи годинава доби Оскар за главната улога во филмот „Опенхајмер“, а се прослави по улогата на Томи Шелби во серијата „Peaky Blinders“.
Актерот повторно ќе се појави во улога на познатиот гангстер во истоимениот спин-оф филм, кој ќе биде достапен на „Нетфликс“.