Звонимир Бобан и официјално се враќа во Динамо Загреб, потврдија од клубот од Максимир, а навивачите на Динамо долго време ја чекаа легендата на хрватскиот фудбал.
Легендарниот напаѓач по 30 години се враќа во Динамо. За тоа време изгради сериозна кариера, и не само играчка. Беше на различни функции во УЕФА, помина многу години таму, но одлучи дека е време да се врати.
Навивачите долго време посакуваа Бобан да се врати во Динамо. Реакциите беа повеќе од позитивни. На Бобан ќе му претстои тешка работа за да го врати приматот на Динамо во Хрватска, но и да го задржи клубот во Лигата на шампионите во наредните години. Сепак, се чини дека навивачите имаат целосна доверба во него и дека од таа перспектива ќе му биде полесно да си ја заврши работата.
Бобан се враќа на функцијата спортски директор на клубот. Динамо од неодамна е без човек кој се грижи за тој сектор, а веќе останаа и без тренер. Фабио Канаваро не ги оправда очекувањата, па Сандро Перковиќ ќе го води тимот до крајот на сезоната. Покрај тоа што ќе го води спортскиот дел од првиот тим, Бобан ќе се фокусира и на младинскиот тим, кој затаи по заминувањето на Здравко Мамиќ.