Апликациите за уредување фотографии и вештачката интелигенција му создадоа голем број проблеми на кралското семејство неодамна, и тоа во еден од најтешките периоди. Откако јавноста забележа дека фотографијата на Кејт Мидлтон за Денот на мајката е модифицирана во различни апликации, се дозна дека и некои претходно објавени фотографии поминале низ различни филтри. Вакви филтри користеле многу членови на кралското семејство, но понекогаш не доброволно.
Фотографиите на Меган Маркл и претходно беа украсени со филтри, а сега излезе најновата фотографија која е производ на вештачката интелигенција.
AI создаде фотографија на која се прикажани принцот Хари и Меган Маркл во фестивалско издание, поточно како гости на популарниот музички фестивал Coachella.
Тие се облечени во тексас вестерн облека, нешто во што сè уште не сме ги виделе, но би можеле да претпоставиме дека можеби ќе облечат такво нешто за фестивалските забави на кои не присуствуваат, никогаш не се знае…
Покрај Меган и Хари, страницата на Инстаграм објави фотографии генерирани од вештачка интелигенција од бројни познати личности како папата Франциск, Елон Маск и Канје Вест, кои беа облечени во комбинации, во кои тешко може да се замислат.