Легендарниот Михаел Шумахер со помош на сопругата Корин потпишал кацига која ќе биде продадена во хуманитарни цели, а која на јавноста ќе и биде претставена денеска на патеката Сахир во Бахреин.
Шумахер ги ставил своите иницијали „MS“ на шлемот за да ја поддржи хуманитарната организација „Трка против деменција“ на неговиот тимски колега Џеки Стјуарт.
Легендарниот Стјуарт ќе носи кацига потпишана од сите 20 живи светски шампиони во Формула 1 за време на почесниот круг пред Големата награда на Бахреин денес, по повод 60-годишнината од неговото деби во Формула 1, а подоцна ќе биде продадена на хуманитарна аукција.
Шумахер, кој се нема појавено во јавноста откако се здоби со сериозна повреда на мозокот во несреќа на скијање во декември 2013 година, на овој начин оствари еден од своите ретки контакти со остатокот од светот.
„Прекрасно е што Михаел го потпиша шлемот за оваа благородна цел, бидејќи тоа е болест за која се уште нема лек. Неговата сопруга му помогна и со ова собирањето потписи на сите живи светски шампиони сега е завршено“, рече Стјуарт.