📸Софија Вергара ги истакна своите неверојатни облини во костим за капење

од Vladimir Zorba
381 прегледи

Летото веќе пристигна за актерката Софија Вергара. Колумбиската убавица позираше пред камерите пред палми и на плажа за да ја претстави новата линија на костими за капење, но и да ги воодушеви фановите уште еднаш со спектакуларна линија.

Ѕвездата од серијата „Гризелда“ на Нетфликс на социјалните мрежи сподели фотографии на кои позира во зелен едноделен костим, кој на најдобар начин ги истакна нејзините занесни облини.

Станува збор за минималистички модел со засилени корпи, ребрести ткаенина и ефективни вкрстени линии преку градите, со кои Вергара носеше женствен златен накит во вид на комплет алки и ланче со кружен привезок.

Обожавателите со комплименти, со често поставуваното прашање: „Како е можно да имаш 51 година?!“

Слични содржини