Торино официјално го објави потписот со офанзивниот играч за врска Елиф Елмас. Тој пристигнува на позајмица од РБ Лајпциг до крајот на сезоната. Сепак, договорот вклучува и опција за купување, за која се верува дека вреди околу 17 милиони евра.
Така македонскиот репрезентативец се враќа во Серија А само една година откако „биковите“ платија 24 мил. евра на Наполи за него. Сепак, Елмас никогаш не успеа да се наметне во германскиот тим, играјќи само 363 минути на вкупно 22 натпревари.
Eljif Elmas
24 settembre 1999, Skopje
Attaccante, Torino Football Club pic.twitter.com/ZWbvSLb8Xl— Torino Football Club (@TorinoFC_1906) January 30, 2025
Во својот нов клуб, офанзивецот ќе го носи дресот со број 11.
„Би сакале да му посакаме се најдобро на Елиф во Торино! Оваа позајмица е најдоброто можно решение за сите страни. Елиф ќе добие шанса да игра многу во првенството кое многу добро го познава”, објасни спортскиот директор на РБ Лајпциг, Марсел Шефер пред клупската веб-страница.