📸Вандали пирувале минатиот викенд во Градски парк: Не само што фрлале ѓубре туку и кршеле реквизити и опрема

од Илинка Илиоска
32 прегледи

Непознати вандали викендов обиле пункт во кој јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ чува дел од опремата за уредување на зелените површини, при што превртеле и уништиле дел од механизацијата, соопшти јавното претпријатие.

Од „Паркови и зеленило“ објавија фотографии од уништените косилки, клупи, реквизити и други алатки, на кои се гледа обемот на овој вандалски чин.

„Обиен пункт во Градски парк, расфрлани и уништени машини, искршена внатрешноста на видиковец во Парк Македонија, ѓубре расфрлано низ зеленилото во Градски и Рајски парк се сликите кои нашите екипи ги затекнаа овој викенд низ градското зеленило“, велат од јавното претпријатие.

До сега нема информација дали полицијата постапува.

📸 Шокантна глетка во Градскиот парк: Отпад на секој чекор по голема јубилејна забава

Слични содржини