📸Видно послаба, Кејт Мидлтон им се врати на службените обврски

од Vladimir Zorba
31 прегледи

Она што нетрпеливо го чекавме со месеци, сега конечно се случи. Откако неколку месеци се повлече од јавноста поради лекување од рак, принцезата од Велс денеска го направи својот прв официјален јавен ангажман.

Во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, Кејт се сретна и го поздрави емирот на Катар, шеикот Амим бин Хамад Ал Тани и првата од неговите три сопруги Шеиха Џавахер, во име на кралот Чарлс III.

Дека болеста во голема мера влијаеше на нејзиниот изглед беше видливо во палтото „Сара Бартон“ за „Александар Меквин“, кое ја истакна нејзината тенкост.

Иако на почетокот се пишуваше дека Кејт ќе извршува минимален број кралски должности, за време на државната посета на катарските претставници на Лондон, тоа набрзо се промени, а кралските експерти сега можат да здивнат, бидејќи ова е всушност најдобриот знак дека закрепнувањето на принцезата од Велс се одвива како што велат лекарите.

Така Кејт ќе учествува во официјалната церемонија за пречек на парадата на Коњаничката гарда, како и во поворката со кочија, по што ќе им се придружи на гостите на приватен ручек во палатата и ќе ја разгледа изложбата на непроценливи катарски артефакти од Кралската колекција.

Единственото нешто што Кејт Мидлтон ќе го пропушти е државниот банкет, најавен за вечерва.

Слични содржини