Бразилското крило Вилијан се врати во Фулам, а враќањето на 36-годишниот фудбалер го потврдија и од клубот „Крејвен Котиџ“. Неговиот прв мандат траеше од 2022 до 2024 година, а последната полусезона ја мина во Олимпијакос.
Неговата соработка со грчкиот клуб беше прекината на 30 декември, па тој како слободен играч дојде во лондонскиот клуб и таму ќе биде до крајот на сезоната.
„Јас сум целосно среќен, како и моето семејство. Со нетрпение очекуваме да се вратиме, а веруваме дека можеме да постигнеме добри резултати до крајот на сезоната. Едвај чекам да играм со тимот и да направам добри потези на теренот“, изјави 36-годишниот играч.
Вилијан за Фулам одигра 58 натпревари во Премиер лигата и постигна девет гола. Вкупно – 67 натпревари и 10 голови.
Професионалната кариера ја започна во 2006 година во Коринтијанс, а потоа помина пет и пол сезони во Шахтјор Доњецк.
Краткиот ангажман на Вилијан во Анжи Махачкала беше во 2013 година, а оттаму замина во Челси каде играше шест и пол сезони.
Тој му се приклучи на Арсенал во 2020 година, а на крајот од таа сезона одигра уште две за неговиот роден клуб Коринтијанс.
Фулам в сабота ќе се соочи со Виган Атлетик во четвртото коло од ФА Купот, а следната недела ќе му гостува на Нотингем Форест.