Премиер лигата синоќа влезе во нова ера бидејќи Џереми Монга играше на натпревар во најквалитетната англиска лига на само 15 години и 271 ден по неговото раѓање.
Имено, Монга дебитираше за првиот тим на Лестер во дуелот со Њукасл, а бидејќи уште нема 16 години, немаше дозвола да го користи класичниот дрес на „лисиците“, кој има и спонзори.
Поради оваа причина за момчето беше направен специјален дрес, без реклами, а во него играше во синоќешниот пораз од Њукасл (0:3).
Aged just 15, a @premierleague debut for Jeremy Monga 🌟 pic.twitter.com/NmH2H6zuXj
— Leicester City (@LCFC) April 7, 2025
И покрај слабиот резултат, тој сигурно ќе го памети своето деби засекогаш.
Инаку, Лестер го претрпе 12-от пораз на 14 одиграни натпревари годинава, а цели 12 часа нема постигнато гол.
Тие се првиот клуб во историјата на англискиот шампионат кој има осум последователни порази на домашен терен без ниту еден реализиран гол.
По синоќешниот пораз од „страчките“, тие се претпоследниот тим во поредокот во ПЛ со 17 бода од 31 натпревар.