Откако Барселона ја освои титулата во лигата во драматичен крај на сезоната, прославата брзо се прошири и во соблекувалната. Меѓу оние кои особено се опуштија беа Роберт Левандовски и Војчех Шчесни, а фотографиите од прославата брзо станаа вирални на социјалните мрежи.
Полското дуо беше фотографирано во опуштен момент – со пури во едната рака, насмевки на лицата и чаша во другата.

Левандовски и Шчесни; Фото: Марка
Иако ваквите сцени се ретки во јавноста кога станува збор за професионални спортисти, се чини дека емоциите и прославите си го направија своето.
Левандовски беше еден од клучните играчи во борбата за титулата на Барселона оваа сезона, додека Шченсни, поранешен голман на Јувентус, јасно го поддржа својот сонародник во неговиот успех.
Едно е сигурно – титула не се освојува секој ден, а Лева и Шчесни знаат како да слават.