📹 Српски „Информер“: Цело Кочани можело да биде кренато во воздух – сопственикот на дискотеката закопал 10 тони нафта во близина на објектот

од Даниел Ѓорѓиевски
321 прегледи

Македонија е завиена во тага по големата трагедија што ја погоди Кочани, кога ноќта меѓу саботата и неделата избувна пожар во дискотеката „Пулс“, при што загинаа 59 лица. Сопственикот на дискотеката е уапсен, а семејствата на жртвите и пријателите со денови протестираат на улиците, барајќи правда за нивните најблиски. Истовремено, граѓаните на Кочани во знак на револт ги уништија другите простории што му припаѓаат на сопственикот, пишува српски „Информер“.

Како што додава порталот, трагедијата можела да биде уште поголема – постои сомнеж дека во близина на дискотеката има нелегален резервоар со околу 10 тони нафта, закопан на околу 50 метри од објектот.

Локалните жители велат дека од чиста среќа градот не бил кренат во воздух.

Надлежните институции веќе започнаа истрага за сите околности поврзани со пожарот, а граѓаните очекуваат одговорност за оваа катастрофа, додаваат од српскиот портал.

Слични содржини