28
Актерката Џенифер Анистон (55) неодамна на Инстаграм објави „стори“ во која еден детаљ го украде вниманието.
Таа беше снимена во бањата додека го промовираше својот козметички бренд, а она што сите го забележаа е луксузниот туш во позадина.
За него пишуваа и странски медиуми. Според „Дејли Мејл“, актерката има туш со пареа во нејзината бања, кој чинел 25.000 долари.
Тушот е целосно затворен за да ја задржува пареата и има вграден простор за седење.