📹Ендрик ги посвети своите два гола против Селта на…Рудигер

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Бразилскиот млад фудбалер Ендрик, кој постигна два гола за Реал Мадрид по продолженија во осминафиналето на турнирот во Копа дел Реј, му ги посвети головите на својот соиграч Антонио Рудигер. Кралскиот клуб го доби натпреварот со 5:2, откако натпреварот во регуларното време заврши 2:2 и се пласираше во следната фаза од натпреварувањето.

„Многу тежок натпревар, речиси до крајот водевме со 2-0, но им дозволивме да израмнат. Беше тешка ситуација, но ова е Реал Мадрид, кој никогаш не се предава и секогаш ќе се бори за победа. Беше тешко во продолженија требаше да трчаме повеќе, но постигнавме три гола…

Не знам ни што да кажам, освен што моите голови му ги посветувам на Антонио Рудигер. Секој ден се грижи за мене и никогаш не ме фали, и тоа е добро. Ми кажува што да правам, зошто треба да трчам и да се борам посилно. Тој е прекрасна личност, па овие два гола се за него“, изјави Бразилецот по мечот.

Слични содржини