📹Француските медиуми ги нападнаа Мбапе и тимот: „Демаскирани“

од Vladimir Zorba
80 прегледи

Франција загуби со 2:1, па Шпанците за титулата континентален шампион ќе се борат со подобриот од мечот меѓу Англија и Холандија.

Мбапе, кој веднаш по натпреварот призна дека настапот на ЕП му бил „неуспех“, беше пречекан на нож.

Објавено е и видео од полувремето на кое може да се види како тој веќе менува дресови со шпански фудбалер како веќе да се предал.

За тоа беше жестоко критикуван, а не помина најдобро во оценките на репортерите од дуелите, како и останатите од тимот на Дидие Дешан.

„Екип“ објави наслов „Демаскиран“ на насловната страна со фотографијата на Мбапе без маската што ја носеше за време на турнирот.

Мбапе доби оценка 3/10, целата екипа имаше просечна оценка 3,6 а најдобар беше Вилијам Салиба кој доби шестка.

Од друга страна, „Фигаро“ ја оцени француската игра со „двојка“ на скала од десет.

„Повторно потфрли Мбапе, Дембеле исто, Рабио мек“, пишува „Фигаро“ кој со двојка го „почести“ Мбапе.

„Ле Монд“ напиша дека Французите биле „декласирани“ од Шпанија и дека тоа е „горчлив крај на еврото“.

Слични содржини