📹Хорор повреда на Дурент во дебаклот на Феникс

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Ѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурент заработи крајно непријатна повреда на натпреварот против Хјустон Рокетс поради која беше принуден да го напушти теренот порано од очекуваното.

Дурент го истегна зглобот во третата четвртина, по што мораше да го напушти теренот, оставајќи ги на цедило соиграчите кои до крајот не можеа да остварат позитивен резултат против Рокетс.

Еден од најдобрите НБА играчи досега наскоро ќе биде подложен на дополнителни тестови за да се утврди степенот на повредата, но работите изгледаат далеку од идеални.

До моментот кога ја напушти играта, Дурент постигна 11 поени, седум скока и асистенција за речиси 23 минути на паркетот.

Да додадеме дека Хјустон на гости го „прегази“ Феникс со конечниот резултат 148:109.

Слични содржини