Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја победија Минесота со 110:103 (22:23, 33:19, 27:32, 28:29) во првиот натпревар од новата сезона во НБА.
Најефикасни во тимот на Лејкерси беа Ентони Дејвис со 36 поени, заедно со 16 скока и три блокади, Руи Хачимура со 18 и Леброн Џејмс со 16 поени.
Остин Ривс постигна 12 поени и девет скока, а Џексон Хејс беше петти и последен двоцифрен стрелец со 10 поени.
Во тимот на Минесота најефикасен беше Ентони Едвардс со 27 поени, со шест скока, Џулиус Рендл со 16 поени, девет скока и Никел Александер-Вокер со 14 поени, додека Руди Гобер запиша 13 поени и 14 скока.
Наз Рид постигна 12 поени, а Донте Дивиченцо 10 поени.
Тоа беше прв пат татко и син да играат заедно во НБА, бидејќи Леброн Џејмс и неговиот син Леброн Џејмс Јуниор, кој одигра три минути, влегоа на теренот во исто време на четири минути до крајот на втората четвртина.
За тоа време промаши два шута и имаше еден скок и брзо се врати на клупата.
LeBron James.
Bronny James.The first father-son duo to play together in the NBA! pic.twitter.com/naadFLoPmh
— NBA (@NBA) October 23, 2024