📹Изгуби од Феенорд, па ја напушти прес-салата по 30 секунди: Добро, доста беше!

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Феенорд го победи Милан со 1-0 во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Стрелец на единствениот гол на „Де Кијп“ беше Игор Паишао во третата минута, а таа предност тимот од Ротердам ќе ја брани на реваншот во Италија за пет дена.

По натпреварот и победата на Феенорд, непријатна прес-конференција одржа тренерот на Милан. Имено, Серхио Консеисао им се обрати на новинарите и веднаш стана и си замина, не дозволувајќи им да поставуваат прашања.

– Знаевме каква ќе биде атмосферата и дека домаќините беа агресивни. Сето тоа го знаевме. Натпреварот станува тежок ако не излезеш како победник од дуелот. Почнавме добро, имавме шанса, а потоа примивме гол. Такви работи се случуваат. Немавме среќа. Требаше да направиме повеќе и имавме шанса да израмниме – изјави тренерот на Милан и потоа ги изненади сите присутни:

– Во ред. Само што ви го сумирав натпреварт. Бидејќи чекав надвор 15 минути, ги одработев моите 30 секунди и тоа беше доволно“, додаде Консеисао, им се заблагодари на сите што дојдоа и си замина.

Погледнете како тоа изгледаше:

Слични содржини