📹Ќерката на Дензел Вашингтон привлече внимание во друштво на својaтa партнерка

од Vladimir Zorba
34 прегледи

Катја Вашингтон, 158 сантиметри висока филмска продуцентка и нејзината партнерка Колин, поранешна балерина висока 195 сантиметри, беа во центарот на вниманието на фотографите.

Веднаш почнаа коментарите на социјалните мрежи. Многумина ја поддржаа двојката и ја пофалија нивната љубов, а имаше и непримерни коментари. Сепак, Катја и Колин покажаа дека не се засегнати од туѓите ставови, со добро расположение и меѓусебна поддршка.

Инаку, најстарата ќерка на Дензел, Катја е филмски продуцент. Таа го продуцираше филмот на нејзиниот татко „Огради“ и на нејзиниот брат „Малколм и Мари“ и „Делови од жена“. Најстариот син на познатиот актер Џон Дејвид Вашингтон тргна по актерските стапки на својот татко и во последните години го гледаме во филмовите „Black KKKlan“, „Tenet“, „Malcolm and Marie“, „Beckett“, „Amsterdam“ и „Creator“.

Тука се и близнаците Малком и Оливија Вашингтон. Малком го имаше своето деби како режисер и сценарист на филмот „The Piano Lesson“, во кој Оливија имаше важна епизода, како и нивната мајка Паулета Вашингтон.

Слични содржини