📹Крајот е близу: Нејмар заработи уште една тешка повреда, во солзи го напушти теренот

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Бразилскиот напаѓач Нејмар заработи уште една тешка повреда поради која во солзи го напушти теренот.

Сантош во четвртото коло го пречека Атлетико Минеиро, а мечот го одбележа повредата на првата ѕвезда на тимот, кој го напушти теренот во 34. минута.

Нејмар не можеше да оди, заплака, па на сите веднаш им беше јасно дека се работи за тешка повреда.

Бразилците стравуваат дека Нејмар би можел да се збогува од фудбалот на 34 години бидејќи неговото тело не е способно да издржи посериозни предизвици.

Сезонава одигра десет натпревари во сите натпреварувања и успеа да забележи три гола и три асистенции.

Слични содржини