Кошаркарите на Шарлот како гости го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 100:97, а словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ имаше многу лоша партија за домашните.
Словенецот забележа 14 поени, 11 скока и осум асистенции, но со исклучително слаби проценти на шут од поле (4/9 двојка, 1/9 тројка). Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 26 поени, 11 асистенции и седум скока. Руи Хачимура додаде 17 поени и осум скока, додека Доријан Фини-Смит постигна 12 поени.
Најефикасен во победата на Шарлот беше Мајлс Бриџис со 29 поени, шест скока и пет украдени топки. Ламело Бол додаде 27 поени, шест асистенции и пет скока, Ник Смит Јуниор постигна 12 поени, додека босанскиот центар Јусуф Нуркиќ забележа осум скока, седум асистенции, две блокади и украдена топка за 18 минути игра.