Возачот на Ферари, Луис Хамилтон победи на квалификациите за спринтерската трка за Големата награда на Кина.
Седумкратниот светски шампион одлично се снајде во квалификациите во Шангај и стигна до пол-позицијата со време од 1:30.849 минути.
Тоа беше за 18 илјадитинки подобро од Макс Верстапен во болидот на Ред Бул.
The moment Lewis Hamilton took #F1Sprint pole for @ScuderiaFerrari #F1 #ChineseGP pic.twitter.com/qTJiTAQocB
— Formula 1 (@F1) March 21, 2025
Хамилтон ги заврши квалификациите прв, а откако и Верстапен ја мина целта, Хамилтон го праша својот инженер за трка каде заврши.
Кога му кажале дека победил, Хамилтон изненаден прашал: „Навистина?“
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, го имаше третото најбрзо време, додека минатонеделниот победник на трката во Австралија, Ландо Норис, беше само шести.
Спринт трката ќе се одржи утре во 4 часот по средноевропско време, а ќе се извозат вкупно 19 круга.
Главната трка за Големата награда на Кина ќе се вози в недела наутро во 8 часот по средноевропско време.