📹На Алонсо му отпадна воланот сред возење, погледнете како се спаси

од Vladimir Zorba
23 прегледи

Легендарниот шпански возач Фернандо Алонсо наиде на необичен проблем вчера на вториот тренинг пред Големата награда на Бахреин.

Кариерата на Алонсо трае 25 години, но тој сигурно никогаш не го доживеал тоа што се случи вчера во Бахреин. Имено, на сред возење на Алонсо му отпаднал воланот и му останал во рацете.

За среќа, брзината со која Алонсо се движеше во тој момент во неговиот Астон Мартин не беше преголема, а имаше и среќа што на тркачката патека во Бахреин има многу простор надвор од границите на патеката, па не се заби во ѕидот.

Алонсо успеа да го искористи своето искуство за да го пронајде патот и да го врати воланот на предвиденото место, а потоа да сврти надесно за да го продолжи кругот за време на тренингот.

Во Бахреин денеска од 14 часот и 30 минути ќе се одржи третиот тренинг, а квалификациите се закажани за 18 часот. Трката е утре во 17 часот.

Слични содржини