📹Најдобриот во историјата: „Гол, кој само Меси може да го постигне“

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Лионел Меси се врати во тимот и постигна гол за својот тим Интер Мајами во победата од 2-1 на гости кај Атланта.

Мајами, кој сега има скор од 3-1-0, славеше и покрај шест одбрани на брилијантниот Бред Гузан, кој беше најзаслужен што Атланта го елиминира Интер на стартот од плеј-офот минатата сезона.

Славниот Аргентинец го постигна израмнувачкиот гол во 20. минута, само во вториот настап сезонава, откако пропушти три меча поради замор на мускулите. Тоа беше одличен гол со многу чувство, откако по убав дриблинг го совлада голманот.

„Кога станува збор за Лео, тоа е гол што само тој може да го постигне. Најдобриот фудбалер во историјата на овој спорт. Нема што да се додаде. Фудбалер кој има способност да ги постигнува најубавите голови што можете да ги видите“, изјави тренерот на Интер, Хавиер Маскерано.

Претходно Атланта поведе во 11. минута преку Латео Лато, а Интер дојде до триумф во последните минути кога ветеранот Фафа Пико со глава во конечниот триумф.

Следниот натпревар на Интер е против Филаделфија Унион на 29 март.

Слични содржини