📹Неверојатната серија на Леброн Џејмс за малку ќе беше завршена

од Vladimir Zorba
45 прегледи

Леброн Џејмс е еден од најголемите играчи во историјата на кошарката, а тоа продолжува да го докажува на 41-годишна возраст и во својата 22-ра сезона во НБА.

Светот на кошарката зборува за победничкиот кош што Џејмс го постигна по скок во напад и го реши мечот меѓу неговиот Лос Анџелес Лејкерс и поразената Индијана Пејсерс (119:120).

Сепак, една од централните теми е нереалната серија на најстариот НБА играч.

Иако беше во опасност, серијата на Леброн во регуларниот дел од сезоната во која имаше најмалку 10 поени продолжи. Последен пат „Кралот Џејмс“ заврши меч со 9 или помалку поени беше на 5 јануари 2007 година!

Оттогаш, Леброн одигра 1.283 натпревари во регуларниот дел од сезоната на НБА, вклучувајќи го и триумфот во Индијанаполис… Се чинеше дека серијата можеби ќе заврши, бидејќи Џејмс само вторпат во кариерата (!!!) влезе во последната четвртина без ниту еден кош од поле (!!!).

Крилниот напаѓач на Лејкерс имаше само три поени влегувајќи во последниот период, но постигна 10 поени во четвртата четвртина, вклучително и „одбојкарскиот“ кош за победа во натпреварот.

Сезонава Џејмс има просек од 24,9 поени (51,6% од поле), 8,1 скока и 8,4 асистенции по натпревар.

По оваа победа Лејкерси се четврти тим во поредокот на Западната конференција со скор 44-28.

Слични содржини