Денвер Нагетс на домашен терен ја совлада Јута Џез со 129:93, а натпреварот очекувано уште еднаш го одбележа српскиот кошаркар Никола Јокиќ.
Брилијантниот центар оствари уште еден „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 14 скока, а додаде и шест асистенции.
Сепак, љубителите на кошарката беа особено воодушевени од неговиот кош, кој го реализира со звукот на сирената пред полувремето, од сопствената половина од теренот. Публиката и коментаторите беа во екстаза, а НБА лигата го избра овој потег како најдобар на вечерта.
NIKOLA JOKIĆ HOW DO YOU KEEP DOING THIS ⁉️
ONE-HANDED FROM PAST HALFCOURT TO BEAT THE FIRST-HALF BUZZER 🚨 pic.twitter.com/uOMLN3maCV
— NBA (@NBA) March 29, 2025
Инаку, Денвер подобро влезе во мечот и брзо дојде до двоцифрено водство кое го одржуваше до полувремето (57:47). Натпреварот беше решен во третата четвртина, а воодушевените домаќини само ја зголемуваа предноста до крајот на натпреварот и на крајот ги декласираа гостите.
Денвер е на третото место во Западната конференција на НБА со 47 победи и 28 порази, додека Јута е на последното место на Западот со скор 16-59.