Новото засилување на Манчестер Сити, Нико Гонзалес, изјави дека не му требало многу убедување за да се приклучи на клубот во кој неговиот татко Фран работеше како тренер на академијата пред неколку години.
Гонзалес (23) стана четвртото ново засилување на Сити во невообичаено напорниот јануарски преоден рок на „Етихад“. Тој му се приклучи на англискиот шампион од Порто на последниот ден пред затворањето на пазарот за сума од речиси 50 милиони фунти, потпишувајќи договор до 2029 година.
Поранешниот играч на Барселона верува дека неговиот стил и стилот на „граѓаните“ совршено се совпаѓаат и веќе имал одлична идеја за клубот, благодарение на неговиот татко – поранешен играч од средниот ред на Депортиво Ла Коруња и шпанската репрезентација, кој работел во Манчестер кога Нико бил тинејџер.
Nico's first City interview! 🗣️ pic.twitter.com/8tyjnDNPsk
— Manchester City (@ManCity) February 5, 2025
„Тој беше тука две години. Затоа, секогаш ми препорачуваше да дојдам овде, ако имам можност. Секогаш зборуваше толку добро за Манчестер, градот и очигледно за тимот. Ми рече дека навистина ќе уживам овде и ќе бидам среќен во градот. Тој сакаше да живее овде и навистина ми се допадна градот кога го посетив“, вели 23-годишниот шпански фудбалер.
Нико Гонзалес дојде преку познатата младинска академија на Барселона, Ла Масија, забележа 37 настапи за Каталонците пред да се приклучи на Валенсија на позајмица, а потоа да се пресели во Порто во 2023 година.
„Пораснав во Ла Масија и од мали нозе отсекогаш практикував игра и стил слични на оние на Манчестер Сити. Во Португалија се обидов да ја подобрам мојата игра и темпо, што ме направи комплетен фудбалер. Се надевам дека навивачите ќе видат фудбалер кој може да игра со топка, но и да напаѓа“, продолжи играчот од средниот ред.
Getting to know Nico 🤝 pic.twitter.com/JTOngUh9VC
— Manchester City (@ManCity) February 5, 2025
Гонзалес постигна 7 гола на 29 настапи за Порто оваа сезона пред да направи трансфер.
„Ја играв мојата најдобра сезона и не беше лесно да се збогувам со луѓето кои ги чувствував како семејство. Но, беше лесно да дојдам во Манчестер, но тоа е одлична можност за мене да пораснам и мислам дека тоа е најдобрата одлука што можев да ја донесам. Мислам дека многу го подобрив мојот интензитет и се надевам дека тоа ќе ми помогне во Премиер лигата“, додаде тој.