Индијана го победи Њујорк по неверојатен пресврт и поведе со 1-0 во финалето на плејофот во Источната конференција на НБА.
Њујорк имаше водство од 17 поени (111:94) на средината од последната четвртина во „Медисон Сквер Гарден“ и се чинеше дека рутински ќе победат, но во последната минута видовме неверојатен камбек на Индијана.
Во последната минута од натпреварот, Њујорк водеше со 9 поени разлика (121:112), но брзо ја пропушти таа предност со лоши слободни фрлања и Индијана имаше шанса за победа на 7 секунди до крајот.
Халибартон чудесно шутираше во последната секунда и, со многу среќа, ја погоди топката, но ја промаши линијата за три поени за само неколку сантиметри и натпреварот отиде во продолжение.
WHAT A SHOT BY TYRESE HALIBURTON 🤯🤯🤯 https://t.co/8wEwdkeRwZ pic.twitter.com/s497GwRWi9
— NBA (@NBA) May 22, 2025
Во продолжението, Индијана го искористи моментумот и победи со 138:135, поведувајќи со 1-0 во серијата.
Индијана до победата ја предводеа Халибартон со 31 поен и 11 асистенции, и Несмит со 30 поени.
Од другата страна, Брансон постигна 43, а Таунс 35 поени.