📹Офсајд кој не може да се види ниту со двоглед: Интер не успеа да победи против Барса за 2 см

од Vladimir Zorba
63 прегледи

Фудбалерите на Барселона и Интер вчера ремизираа во спектакуларното полуфинале од Лигата на шампионите, резултатот беше 3:3 иако „нероазурите“ водеа со 2:0 и 3:2, но не успеаја да победат.

Италијанскиот тим можеше да поведе со 4:3, со голот на Ерменецот Хенрих Мхитарјан, но тој беше поништен поради недозволена позиција.

Технологијата не беше на страната на играчот на Интер чиј прст беше во недозволена позиција, па Клемент Турпин, со асистенција на своите колеги од ВАР собата, реши да го поништи голот.

„Се чувствувам многу скршено. За жал, бев 2 см во офсајд, но ова е фудбал и не можеш ништо да направиш. Толку многу сакав да постигнам гол и можеби побрзав да влезам во офсајд. Ова е фудбал, можеби ќе постигнам гол во реваншот. Ќе видиме“, рече Мхитарјан.

Реваншот ќе се игра во вторник на стадионот „Џузепе Меаца“.

Слични содржини