Огромен скандал го тресе македонскиот фудбал. Повод за ова беше натпреварот од второто ниво помеѓу екипите на ФК Кожуф и ФК Башкими во Гевгелија.
Гостите победија со 2:1, а победничкиот гол за Башкими беше постигнат во продолжението од натпреварот. Сепак, голот ги шокираше сите на стадионот. Играчите на домашниот тим буквално престанаа да играат и му дозволија на противникот да постигне гол без никаков отпор за да ги обезбедат трите бода.
Со својот успех, Бакшими ја продолжува борбата за промоција во елитата, додека Кожуф зазема место во долната половина од табелата.
Фудбалската федерација на Македонија веднаш реагираше и се закани дека лиценците на двата клуба би можеле да бидат одземени.
Дури стигна и до изјава од министерот за спорт, Борко Ристовски, кој исто така најави дека ќе има строги мерки по она што се случи.
Моментално се чекаат извештаи од судиите на натпреварот за да се преземат понатамошни мерки.